Сите оние кои го користат Facebook, можат сами да изберат кои слики ќе ги стават во видеото и да ги воодушеват своите пријатели со помош на новата опција на Facebook именувана како „Say thanks“.
Корисниците на Facebook, од денес можат да ги израдуваат своите пријатели со помош на новата опција на Facebook. Таа им овозможува на корисниците да направат видео клип за објавите, фотографиите и убавите моменти помеѓу нив и нивните пријатели.
Оваа опција е направена по угледот на опцијата именувана како „Look Back“ која им овозможуваше на корисниците да направат видео клип во врска со своето време поминато на популарната друштвена мрежа.
Сите оние кои го користат Facebook, можат сами да изберат слики кои ќе ги стават во видео клипот. Исто така имаат неколку теми именувани како „Old Friends“, „Friends“ и „Family“, кои можат да ги одберат при правењето на видео снимката.
Сѐ што треба да направите е да го отворите овој линк: facebook.com/thanks. Да одберете некој од вашата листа на пријатели, а Facebook ќе го направи видеото и ќе ви го прикажи.