Повеќето лажни профили се направени како би шириле spam и вируси низ мрежата, а Facebook нема начин како да го спречи создавањето на нови, лажни профили.
Повеќето од нив се направени како би шириле spam и вируси низ мрежата, a Facebook нема начин како да го спречи создавањето на нови, лажни профили. Доколку сте нов корисник и не знаете како да се заштитите од напади на хакери на оваа социјална мрежа, постојат неколку совети како можете да проверете дали некој профил е лажен.
Проверете ги фотографиите
Прво нешто што можете да направите е да ги проверите фотографиите. Ова е најбрзиот и најпрецизниот начин да проверете нечиј профил. Превземете ја профилната слика од профилот за којшто мислите дека е лажен, отворете ја почетната страница на Google и кликнете на „images“ односно „слики“ во горниот десен агол.
Кога ќе се отвори новата страница, кликнете на иконката – фотоапарат, во десниот дел на пребарувачот. Ќе добиете можност да вметнете „url“ на фотографијата или да ја прикачете истата од вашиот компјутер. Вметнете ја превземаната фотографија и ќе го добиете изворот на фотографијата, односно можност да проверете дали е превземена од некој веб сајт.
Број на фотографии
Најголемиот број на лажни профили имаат само една фотографија. Истражувањата покажале дека дури две третини од лажните профили го практикуваат ова.
Проверете го времепловот
Кога посетувате некој лажен профил, неговиот времеплов често нема никаква содржина или има само информации за профилната и насловната фотографија.
Поголемиот број на лажни профили се женски
Истражувањата покажале дека поголемиот број лажни профили кои постојат на Facebook се женски, често со провокативна фотографија или име.
Проверете ги пријателите
Во случај профилот кој ви понудил пријателство, нема ниту една заедничка црта со вас, најверојатно станува збор за лажен профил. Проверете кои се вашите заеднички пријатели, допаѓања, групи, како би дошле до дополнителни информации.