Корисниците со помош на оваа нова опција ќе имаат можност при чекирање на некое место, на пример во ресторан, да проверат што нивните пријатели имаат напишано и искоментирано за таа локација.
Друштвената мрежа Фејсбук воведе нова опција наречена „Place Tips“ која би требало да им помогне на корисниците да на брз и едноставен начин дојдат до информација за локацијата на која што моментално се наоѓаат.
Со ова, сите ќе имаат можност да ги видат фотографиите или видео клиповите кои ги објавиле другите корисници, поврзани за таа локација.
Оваа опција, за сега е достапна само за iPhone уредите, но се очекува наскоро да биде достапна и за останатите.