Корисниците на социјалните мрежи биле измамени така што масовно кликале на линкот, мислејќи дека тоа е порнографски материјал. Проверете дали сте и вие помеѓу нив.
Повеќе од 110.000 корисници на Фејсбук случајно го инсталирале злонамерниот софтвер во изминативе неколку дена. На овој начин, тие дозволиле нивните компјутери да ги инфицира Тројански вирус, кој е преправен како порно-вирус и на тој начин сите им овозможиле на хакерите да преземат контрола над податоците.
– По отворањето на постот, корисниците имале преглед на сите порно снимки кои на крај се прекинуваат – објасни истражувачот Мохамед Фагани.
На овој начин добивате да инсталирате лажна Flash надградба.
Откако ќе се инфицирате, хакерите добиваат можност да пристапат до вашите податоци и до содржината на целиот компјутер.
Ова се нарекува „магнет“ техника, а на хакерите им овозможува да соберат податоци од 20 луѓе во исто време. Според Фагани, овој вирус инфицирал повеќе од 110.000 компјутери.
– Ние користиме голем број на автоматски системи за идентификација на потенцијално штетните ликови со цел да го спречиме понатамошното ширење. Исто така, ние автоматски ги блокираме – изјави портпаролот на социјалната мрежа Фејсбук.