Друштвената мрежа Фејсбук воведува нова опција која најверојатно нема да ви се допадне.
Фејсбук неодамна направи алгоритам кој ги идентификува личностите врз основа на лицата на фотографијата и на корисниците им нуди сугестија за тагови со имињата на пријателите.
Оваа технологија наречена DeepFace прв пат беше прикажана во март минатата година, но набрзо Фејсбук ќе премине на автоматско тагирање на пријателите на фотографиите.
Многу често се случува да сакаме да го отстраниме тагот од фотографија на која не сме испаднале убаво или не сакаме некој да види каде сме биле и што сме правиле.
За среќа, автоматското тагирање ќе може да се исклучи и во подесувањата. Исто така, доколку не сакаме да се видиме на нечија слика, ќе можеме да побараме од Фејсбук да ни го замати лицето.