Социјалната мрежа Фејсбук денес претстави нова опција. Имено, станува збор за новата функцијата „Instant Articles“ со чија помош Фејсбук на своите корисници им нуди ексклузивни статии од голем број светски медиумски куќи, како што се „New York Times“, „BuzzFeed“, „National Geographic“ и „NBC News“.
Меѓу новите опции се наоѓа „zoom“, „auto-play“ на видео снимки, звучни клипови, и можност за лајкување и коментирање на индивидуални делови од објавените статии.
Многу веб страни добиваат голем број на посети по пат на паметните телефони, а Фејсбук смета дека доживувањето при читањето на статиите преку телефоните не е доволно добро, и дека истото може да се направи многу подобро, пренесува Mashable.