Интернет гигантот „Google“ планира да воведе опција преку која ќе може да нарачате каков било производ од интернет.
„Гугл“ подготвува нова опција со која ќе може директно да купувате од пребарувањето без заминување на страницата на компанијата што го продава бараниот производ.
Со притискање на копчето „купи“ ќе бидете однесени на страница за купување каде ќе може да го изберете саканиот производ и времето на испорака.
На почетокот, онлајн купувањето ќе биде тестирано на мобилните уреди, бидејќи се повеќе корисници го бираат тој начин на сурфање наместо користење на десктоп компјутери.