Gmail официјално ја претстави опцијата „undo send“ достапна за сите корисници. Опцијата овозможува мејлот кој што сте избрзале и сте го пратиле недопишан или на погрешна личност, во рок од најмногу 30 секунди „да го вратите назад“ т.е да го откажете испраќањето.
Функција за првпат беше претставена пред 6 години, но до оваа недела беше достапна само преку Gmail Labs, односно за корисниците кои што вклучуваат тест функции на email сервисот.
„Undo Send“ овозможува да го откажете испраќањето на пораката по притискање на Send копчето всушност преку одложување на испраќањето на одреден број на секунди. Така вие добивате време во кое што можете да се премислите.
Функцијата ќе биде автоматски вклучена за корисниците кои што ја имале користено до сега преку Labs, а останатите ќе мораат рачно да ја вклучат преку General делот во прилагодувањата (Settings).