Благодарение на новата функција, 70 милиони фотографии кои секој ден ги објавуваат корисниците на Инстаграм, ќе бидат полесно достапни на десктоп верзијата на популарната социјална мрежа.
Социјалната мрежа Инстаграм воведе алатка за пребарување на фотографии во својата веб верзија, што досега беше возможно само преку мобилната апликација на Инстаграм.
Во резултатите од пребарувањето, фотографиите ќе бидат прикажани по нивната популарност, а не по датумот на објавување.