Според пишувањето на порталот „The Verge“, социјалната мрежа „Facebook“ веќе ја тестира новата функција.
Станува збор за можност за додавање на тагови на профилот на корисникот, што ќе го олесни пронаоѓањето на луѓето на оваа социјална мрежа.
Според пишувањето на порталот „The Verge“, социјалната мрежа „Facebook“ веќе ја тестира новата функција, а со чија помош корисниците ќе можат полесно да се идентификуваат на страниците на „Facebook“.
Се чини дека новата опција за сега е достапна само во Нов Зеланд.
За сега не е познато дали и кога „Facebook“ ќе ја направи оваа опција достапна на сите корисници.