Апликацијата на социјалната мрежа Фејсбук за паметните телефони наскоро би можела да изгледа поинаку.
Имено, популарната социјална мрежа тестира нов дизајн за профилната страница внатре во самата апликација.
На фотографијата која се појави на Твитер се гледа дека профилната фотографија е поместена на средина и дека не се наоѓа како претходно на левата страна.
Името на корисникот е испишано веднаш под профилната фотографија, а изгледа дека “cover” фотографијата е помала отколку порано.
– Тестираме редизајнирани профилни страници на мобилните апликации, а тие ќе го подобрат изгледот и подобро ќе ги презентираат информациите за секој корисник – истакнуваат од Фејсбук.