Во трката за новиот Претседател на САД, Google може да игра клучна улога.
Научникот за бихејвиорално истражување и технологија, Роберт Епстајн, смета дека изборната трка, може да биде многу тесна со само една мала промена во тајниот алгоритам на Google, која би имала огромно влијание врз одлуката за новиот Претседател.
Според истражувањата, Епстајн заклучил дека со фаворизирање на одреден кандидат на пребарувачот Google, гласачите на минатите избори одлучиле да гласаат за истиот. После 15 минутно пребарување на фаворизираниот кандидат, популарноста на истиот се зголемила од 37% на 63%. Според Епстјан, Google може да одлучи кој ќе победи на изборите ако сака и да го избере новиот Претседател на САД.
Се разбира од Google ги негираат ваквите тврдења и велат дека ако прават така ќе ги изгубат корисниците на своите услуги.