Во понеделникот едно лице од вкупно седум, ја користеле оваа социјална мрежа за поврзување со пријателите.
„Прв пат во историјата милијарда луѓе го користеле Фејсбук во еден ден“ – гордо изјави сопственикот Марк Цукерберг.
Цукерберг изјави дека е горд на овој успех и им се заблагодари на сите што учествувале во постигнувањето на новиот рекорд. Тој додаде дека ова е само почеток за поврзување на целиот свет.
„Нашата заедница се залага за давање на секој човек глас, за промовирање на разбирањето и за вклучување на сите можности во нашиот модерен свет“ – напиша Цукерберг.