Во мај месец оваа година, Microsoft претстави систем за преведување на аудио и видео разговорите преку Skype во реално време наречен Skype Translator. Системот беше презентиран на Code конференцијата од Re/Code порталот и беше најавен како достапен во иднина.
Од оваа недела ограничен број на корисници имаат можност да се регистрираат и да добијат пристап до преведувачот. Како што тоа го прават и за другите производи, Translator е достапен во Preview верзија, што значи дека не е готов за широките маси и се препорачува да се користи од страна на напредните корисници.
Моментално е достапен за корисниците на Windows 8.1 кои што може да се регистрираат за пристап до системот преку следниов линк. Најави има за можно додавање на преведувачот на Windows Phone верзијата од Skype, меѓутоа и тоа не е сигурно во овој момент, што покажува дека системот сѐ уште е далеку од спремен за масовно користење. Сепак, фактот што е стигнат до Preview верзија покажува дека може да се очекува во не толку далечна иднина.
Skype Translator во основа е систем кој што во реално време успева да го преведе вашиот говор додека комуницирате преку Skype. Тоа значи дека можете слободно да комуницирате со пријатели или колеги кои што не го говорат истиот јазик на кој што вие говорите. На почетокот како што би очекувале достапни се ограничен број на јазици кои што преведувачот ќе може да ги преведе, а со текот на годините се очекува нивно зголемување.
Извор: СмартПортал