Пред неколку дена Microsoft ја претстави новата верзија на својот оперативен систем, а за негово тестирање до сега се пријавиле дури 2 милиони корисници.
За да се пријавите како еден од потенцијалните корисници за тестирање потребно е да го посетите сајтот Windows Insider. Оваа програма ви овозможува пристап до постара верзија на оперативниот систем и служи за дополнителни подобрувања кои подоцна ќе бидат вклучени во финалната верзија.
Microsoft најави дека од сега за секоја нова верзија ќе прави слични акции, бидејќи се покажале како исклучително корисни.