Сингапурски научници при Универзитетот Нанјанг напишале алгоритам кој е способен да создава комбинации на мебел на кои не им требаат штрафови, клинци или друг тип на врзивни делови за да ја остварат својата функција.
Алгоритмот работи на тој начин што започнува со еден главен елемент по што на него ги надоврзува другите елементи, паметно поставени по редослед за да се држат меѓу себе без да има потреба да се врзуваат со нешто друго. Поради ваквиот принцип на работа, треба да се обезбеди дека клучот е безбедно поставен таму каде што треба да биде, на пример, на рамна површина, и целото парче мебел седи стабилно и фиксно во позиција.
Ако земеме во предвид дека мебелот се дизајнира само од практичен аспект, тогаш дефинитивно ова го гледате блискиот, но мачен крај на човековите дизајнери на мебел.
Од друга страна, ако се работи за естетика, тогаш не би биле толку сигурни. Барем се` додека не се создаде алгоритам кој ќе создава естетични концепти далеку понапредни од човековите…