Познатата игра со карти е повторно тука, но не на начин на кој сите корисници ја очекуваа.
„Microsoft“ со „Windows 10“ ја врати и познатата игра со карти „Solitaire“, но не на начин на кој сите корисници и фанови ја очекуваа.
Имено, новата верзија на игра „Solitaire“ доаѓа со реклами кои ќе се прикажуваат во непознати временски периоди, а единствен начин да се ослободите од нив е да платете 10 долари годишно, односно 1,5 долари месечно.
Рекламите не се сместени во аголот на екранот па да не пречат, туку тие се појавуваат како „pop-up“ прозорци во период помеѓу 15 и 30 секунди.