Постојано ве иритира вишокот килограми? Се облекувате во широка облека, а длабоко во себе сакате повторно да можете да ги носите тенките фустани кои одамна многу убаво ви стоеле?
Со овие правила, облеката, што сте ја носеле пред многу години, повторно ќе може да ја облечете.
1. Навечер јадете помалку. Гледајте во организмот да внесете околу 2/3 калории. Доколку не можете да не јадете навечер, вечерајте нешто лесно.
2. Правете вежби со мали тегови. Истражувањата покажаа дека жените кои вежбаат со тегови, тешки од 1 до 2 килограми, два пати неделно, по еден час, губат 15% повеќе масти околу стомакот, за разлика од оние кои не вежбаат.
3. Користите зачини, а не сол. Нема да се чувствувате подуена. Додека готвите, солта тргнете ја на страна и експериментирајте со зачините и сокот од лимон.
4. Добриот сон го намалува апетитот. Затоа секогаш гледајте да сте добро наспани за да не ви се зголеми апетитот. Настојувајте во текот на ноќта да спиете минимум 7 часа.