Избришано минато

Спонзорирани линкови

 

Никако да се преболат поминатите сеќавања меѓу телото и душата, побегнатите ветувања меѓу тишината и сонливоста.

Никако да се прежалат избрканите празнини меѓу просторот и времето.

Стареењето на тој далечен, а веќе мртов ден
создава историја за венчавањето на солзите со болката.
Доказот за таа врска е прстенот на тагата кој блеска на залезот од сонцето.
Како што минува времето така денот се претвора во еднаков, празен миг.

Не се знае што е право, а што криво,што е лево, а што десно, што е назад, а што напред.
Не се знае дали солзата паѓа по линиски правец или во криволиниска насока.
Тој веќе е прегазен ден, но повторно гори и боли како препечен, заборавен зрак.
Бакнежот меѓу водата и сонцето
го расечуваат денот на милион скршени парчиња.
Непознатата вистина се крие во душевното јадро
и се огледува во измаченото езеро од солзи.

Незаборавниот ден се држи за рака со немата празнина
и ја преполовува душата и нечие минато го умртвува со оган.
Осаменоста се соединува со трнливиот бодеж и пијат од недоискажаноста на минатото
и ја уништуваат постелата на мрачниот ден.

Духот се ослободува од сенката на денот, но тој свети како зеница во окото,
и се врзува со другите мрачни и непразнични денови.
Се создава предвремена прогноза за уривањето на соништата, за отсекувањето на мирот, рушењето на копнeжите, разделувањето пред изгревањето на љубовта.

Душата ги собира гладните утехи, половичните насмевки и очајните допири.
Судените денови секогаш ја губат вредноста
и станувааат валкани спомени кои се каат што се родиле.

Тешко е кога болката ти е сопатник,а средбата со избледеното минато ти е секојдневие.
Барам прошка од гневот и тагата бидејќи со нив полесно ги голтам жигосаните јадови.
Не можам да заспиам бидејќи минатото колку и да е далечно,
избледено станува повратен заборав.

Не можам да живеам
бидејќи во секој миг ме прегрнува тага или некои изгорени лалиња.
Подгорените, лути пеперутки во стомачната празнина
ги збрчкуваат наборите од кожата.

Темјанот во душата ги пушта своите ластари и веќе полуживите сеќавања ги погребува.
Како да му се преведе на срцето дека веќе стопените огледала не се возвишуват
дека преживеаните денови не се репризираат,
дека сјајните мигови веќе изгореле како дабово дрво.
Луѓето бодат со нож по телото, моите зборови ги претвораат во зрна бесконечност,колваат по кревкото срце и нанесуваат неправда со камшик.

Како е да се издржи кога жарот го соголуваат
и веднаш го ставаат до десната страна од градите?
Како е да се издржи кога тагата ве праќа до пеколот и ве враќа стопати назад?
Зошто ме убивте со зборови, а ми го оставивте срцето?
Зошто ме фрливте во оган во кој се гори без да се биде виновен?
Како да продолжам да дишам кога белите дробови
се затруени од непријателскиот отров?

Кој ќе го казни мојот непостоечки непријател?
Како сето ова да го прифатам за крај,
кога амнезираното срце не може тоа да го стори?
Стравот ми го вгнездиа во сржта,
иглите на тага ми ги распараа бледите зборови во срцето.
Како што сонцето не знеше како се родило,
така и јас не знаев што со мојата иднина
кога моето минато беше изгубено и избришано.

Автор: Рената Пенчова

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford