Тајната на семејната среќа

Спонзорирани линкови

Еднаш еден млад човек прашал еден мудрец:

– Ти си мудар човек, сите те почитуваат и те бараат за совет. Те молам, кажи ми зошто твојот семеен живот е толку среќен? Што е тајната?

Мудрецот се насмевнал и рекол:

– Дојди дома, биди мој гостин. Жена ми ќе приготви домашен колач.

Отишле заедно во домот на мудрецот. Мудриот човек ја повикал жена си. За кратко во собата влегла убава и ведра жена која изгледала многу среќна.

– Да, драги, што има.
– Мила, те молам приготви тесто за твојот прекрасен колач.
– Добро, веднаш. – одговорила жената.

По некое време таа се вратила кај гостите и соопштила дека тестото е подготвено.
– Сега додади кон него од најубавото масло од нашите залихи и од оние вкусни ореви кои ги чуваме за специјални гости. – продолжил мудрецот.
– Добро – повторно одговорила жена му.

Таа се вратила по десет минути, а сопругот и дал нови упатсва.
– А сега додади кон тестото малку кал од дворот и испечи го.
– Добро – одговорила жената и по половина час се вратила, носејќи го во рацете готовиот колач.

– Се разбира, ние не можеме да го јадеме овој колач. – рекол мудрецот – однеси им го на свињите.
– Добро – повторно одговорила жената.

Гостинот бил шокиран од она што го видел. „Но зарем тоа е можно ?! Оваа жена покорно исполни сè што и нареди нејзиниот маж, дури и најапсурдните нешта … Не приговори ниту еднаш и дури не се налути по барањето да го исфрли колачот … “, си мислел младиот човек.

Тој бил толку импресиониран што одлучил да го повтори овој експеримент со својата жена. Кога се вратил дома, тој уште од прагот извикал:

– Душо, замеси тесто за слатко.
– Каде пак го измисли тоа? Имаме доволно храна дома, јас си имам друга работа! – нервозно одговорила жена му и се прибрала во својата соба, удрирајќи ја вратата.

Следниот ден мажот се вратил кај мудрецот и го прашал:
– Зошто кај тебе е вака и твојата жена исполнува со задоволство се што и побара, а мојата дури не ме ни ислуша?

– Се е многу едноставно, – одговорил мудрецот – меѓу вас нема почит.

– И што да правам сега?

– Вие двајцата треба да научите да се почитувате еден со друг. Но за ова, најнапред мора да почнеш да правиш сè за да се чувствува таа среќна.

Мажот се замислил од зборовите на мудрецот и тргнал кон дома. На патот видел убава розова грмушка. Тој се сетил дека токму такви рози и подарил на својата жена, кога ја побарал нејзината рака. И потоа секој ден и носел по една роза. Но оттогаш минално многу време. Веќе не се сеќавал кога последен пат и подарил цвеќиња. Така решил да откине едно гранче од прекрасната розова грмушка и да го однесе на својата сопруга. Кога се вратил, таа веќе спиела и за да не ја разбуди, тој само ја оставил розата до нејзината перница.

Следното утро, за прв пат по многу години, го пречекал појадок … и една убава жена со очи кои сјаат. Тој ја прегрнал и нежно ја бакнал, исто како некогаш. Од тој ден па натаму, потсетувајќи се на зборовите на мудрецот, мажот се обидувал да ја направи својата жена среќна. А таа му возвраќала со истото.

Минале неколку години. Еден ден на вратата тропнал млад човек.

– Слушнав дека односите меѓу тебе и твојата жена се пример за семејна среќа и хармонија. Кај мене работите одат многу тешко – постојано имаме несогласувања со жена ми, таа не ме слуша, постојано спориме за нешто … Кажи ми во што е тајната на семејната среќа?

Господарот се насмевнал и рекол:

– Биди мој гостин. Жена ми штотуку мислеше да испече колач.

Извор: 365.com.mk

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford