Приказна за овчарот, волкот и довербата

Спонзорирани линкови

Еден овчар, кога имал дваесет години и уште бил млад и неискусен, во блиската шума нашол едно мршаво кученце. Било многу малечко и мило, па без расмислување го земал дома да го чува. За кратко време, многу го засакал. Каде и да одел, кученцето бил крај него – со него делел сé што имал.

Селаните постојано го задевале младиот овчар: „Тоа не е куче, тоа е волк. Ослободи се од него пред да ти се случи некакво зло!“. Тој не ги слушал, љубовта кон неговото куче му била врежана длабоко во срцето.

Кучето пораснало големо и силно, но било и многу паметно – кога овчарот нешто ќе заборавел во селото, го праќал песот да оди назад и да му го донесе. Му помагало околу овците и грижливо ги чувало.

Една летна ноќ, кога воздухот бил свеж, но некако тмурен, како пред дожд, овчарот влегол да преспие во колибата која ја имал направено во непосредна близина на бачилото каде што ги чувал овците. Не се знае колку долго спиел, но го разбудило страшно и продорно ‘ржење. Не бил сигурен дали е буден или уште сонува, но истрчал надвор да види што се случува.

Песот седел свртен кон Месечината надвисната на бачилото, а од неговата муцка капела свежа крв. Очите му светеле силно, како два светилника. Околу него, мртви и распарчени овци. Овчарот не можел да верува, но брзо сфатил што се случило… Влегол во колибата и ја земал пушката што висела на ѕидот, излегол и претпазливо му се доближил. Разочаран и речиси без емоции, ја подигнал цевката и ја наслонил на главата на неговиот волк,  неговиот дотогаш најдобар пријател, кој стоел неподвижен, изгледајќи како да се чувствува виновен што ги изневерил довербата и љубовта на овчарот. Овој пак, го повлекол орозот, а волкот паднал мртов на земјата.

Се соземал колку што можел и побрзал да повика помош за да спаси колку што може од овците. Се чувствувал засрамен од селаните, истите тие селани кои не ги слушал кога го предупредувале.

Додека ги издвојувале изедените овци, овчарот не можел да поверува кога меѓу нивните растргани тела наишол на три заклани големи волци и една волчица… Срцето му се раскинало, а очите му се наполниле со солзи. Било јасно дека убил недолжно суштество – својот вистински и најверен пријател, и сé заради тоа што се посомневал во неговата искреност…

Дури и по повеќе од 60 години, овчарот не можел да го заборави она што му се случило. Научил важна лекција, да не носи недоверба кон никого. Цената што ја платил била голема, губејќи нешто што никогаш не можел да го врати.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford