Покрај ваков маж, ниедна жена не би погледнала во друг. Еве како треба да изгледа мажот кој е сон на секоја жена.
Маж кој знае да готви, и секако обожава тоа често да го прави.
Ова е нешто за кое скоро и сите жени мечтаат, а воопшто не би требало да биде во доменот на нивните мечтаења. Набавката и припремањето на храната спаѓаат во основните начини на преживување. Па зошто тогаш повеќето мажи сметаат дека оваа вештина воопшто не им е потребна? Жените тоа не можат да го сфатат.
Маж кој има аутетичен стил, водат грижа за својот изглед и во бракот не ,,пуштаат,, стомак.
Нашиот надворешен изглед е одраз на нашата внатрешност. Оделот не го прави човекот, но кажува многу за него. Жените премногу го ценат мажот што знаат својот став и карактер да го изразат и покажат преку нивниот стил. Не се само машките оние на кои им е убавината важна. И жените сакаат покрај себе маж што изгледа добро. Кога мажите се запуштаат во бракот, и не водат грижа за нивниот изглед, тоа значи дека жените ги сфаќаат здраво за готово, престануваат да ги заведуваат, и затоа од ден на ден жената почнува да се чуствува помалку привлечна. Само останува прашање на време кога ќе падне во искшение да направи проверка дали сеуште е пожелна…
Маж кој знае да ја уклучува машината за перење и знае да раскрене после него.
Што да помисли жена за маж што не знае каде му се наоѓаат чорапите, како се пушта машина и колку прашок е потребно, освен дека е сеуште дете за кое треба да трчиш и се однесуваш како мама. Тој е прав убиец на страста. Во очите на жените, ваков тип на маж губи многу од неговата мажественост.
Маж што знае како со децата, тука е да ги подели сите задачи и да постави приоритети.
Мажот кој се однесува како да и прави услуга на сопствената жена со тоа што ги причувал децата едно попладне, или еднаш во месецот ако испере садови и го исфрли ѓубрето, па со тоа се фали како да направил неверојатна работа, во жените само разбудува револт. Децата не се на жената, туку заеднички. Мажот е исто толку родител, колку што е и жената. Така треба и да се однесува.
Маж кој сака да чита книги.
Ништо полошо од маж кој знае само да блее во телевизор и да се истргнува на кревет. Животот со ваков маж е непресушен извор на досада и фрустрација. Од него никогаш нема да слушнеш нешто ново, интересно, и вредно за размислување. Жените сакаат мажи кој читаат книги и знаат на се опуштат во светот на мечти. Тие им делуваат премногу секси.
Финансиски ситуиран, или спремен да работи или заработува.
Во денешно време и мажите и жените мораат подеднакво да работат за да обезбедат средства за нормален живот. Доколку сета таа тежина остане на товар на жената, неминовно е дека љубота ќе излета преку прозор. Ниедна жена не сака маж кој што ке се удара во гради дека премногу работи, а тогаш кога вистински ќе биде потребно да сработи нешто да се вади на преголемиот умор. Не и е потребен ни таков кој што често ке кука дека се нема работа, и ќе живее од нејзината тешко и со труд заработена мала плата, мислејќи и зборувајки секој ден како ке направи некогаш голема заработка бидејќи му е под чест да работи за толку мала плата.
Маж кој не подлежи на машко- женски предрасуди и клишеа од мислења и однесувања.
Мажот кој својата жена првенствено ја гледа како рамноправно човечко битие, па дури после тоа како припадничка на женскиот пол, е вреден за внимание. Полот е важен само во сексуална смисла, а сексот е само еден од многубројните аспекти во заедничкиот живот.
Маж кој е емотивно зрел, интелигентен, љубопитен и со доволно животно искуство. Без емотивна зрелост, нема ни вистински љубовен однос, а учењето од искуства, нема без интелегенција и вродена љубопитност. Секоја жена покрај себе сака мудар маж, спремен да со своите мислења, изградени низ призмата од бројните искуства , допринесе за по квалитетен живот, но и да знае кога треба да прифати нешто без суета. Тоа покажува дека тој е вистински заинтересиран за нивни заеднички духовен раст и решавања на проблеми.
Маж со богат внатрешен и друштвен живот и со смисол за хумор.
Многу е важно да со човекот кој треба да го поминеш животот ти биде забавно. Маж кој знае да ја насмее жената и во најтешките моменти е мелем за душата. Еден со друг треба да се извлекувате од неволји, а не да со песимистички ставови и летарги се притиската еден со друг.
Маж кој го сака животот и ја сака својата жена.
Љубовта, довербата и радоста секој нов ден е еден од основните услови за среќа. Без ентузијазам само се тапка и преживува, но и не се живее.