Револуционерно откритие во областа на личната хигиена направил јапонскиот научник Казуе Јмагаши.
Тој измислил паста со која може брзо и безболно да се пополнуваат дупките и пукнатините на забите, а исто така и да се обновува забната глеѓ без помош на стоматолози.
Во својот состав таа е слична со забната глеѓ, и може да се нанесува директно на пукнатината на забот. Материјалот бил добиен како резултат на експерименти со хидроксиапатит – главната основна состојка на забите.
На почетокот содржаната киселина во супстанцата лесно ја раствора површината на оштетената глеѓ. По три минути пастата се кристализира и вештачките материјали се вградуваат цврсто во структурата на природниот глеѓ. Освен тоа супстанцијата е многу ефикасна и антибактериско средство.
Тестовите спроведени од јапонските стоматолози, покажуваат дека се лекуваниот заб со помош на оваа паста по ништо не се разликува од здравиот. Разликата не може да се забележи дури ни со микроскоп.