Биологот Питер Вард од Универзитетот Вашингтон неодамна кај крајбрежјето на Папуа Нова Гвинеја успеал да го фотографира исклучително реткиот вид индиско чамче чие научно име е Allonautilus scrobiculatus.
Фотографијата која Вард ја објавил е вистинско богатство, бидејќи тоа животинче, кое живее на длабочините од 500 до 1.300 метри, досега е снимено само во три наврати, наведуваат светските медиуми.
Прв ја снимил токму Вард во 1984 година, а по него тоа го направила само уште една личност.
Allonautilus scrobiculatus е главоножец од родот на наутилуси кој не се променил многу од времето на мезозоикот.
Денес, поради илегалното ловење риби околу Папуа Нова Гвинеја му се заканува истрабување.