Во сексот треба и двајцата партнери да уживаат. Ако се трудите да го задоволите партнерот не би требало да има жалби од негова страна.
Најважно е вие да бидете релаксирани и отворени за нови интересни работи во сексот. Доколку не знаете дали го задоволувате партнерот тогаш ние ќе ви помогнеме во тоа. Постојат некои работи по кои многу лесно може да дојдете до одговор. Прочитајте ја статијата до крај ако сакате да дознаете дали сте добра љубовница.
КОМПЛИМЕНТИ
Ако се прашувате дали вашиот сексуален живот е добар или не, запрашајте се кога последен пат сте добиле комплимент од партнерот за вашата изведба во кревет. Ако сте си кажале меѓусебно по некој убав збор пред и по сексот, тогаш нема за што да се грижите. Ако ретко или скоро никогаш тој не ве пофалил, најдобро е да го прашате дали тој ужива со вас. Треба да бидете отворени за сексот, а тоа ќе доведе до подобрување. Ако немате храброст да разговарате на оваа тема тогаш следете ги неговите мимики за време на сексот. Тие ќе ви ја откријат вистината.
ДАЛИ СЕКСОТ Е ДОВОЛНО ЕРОТИЧЕН?
Ако сакате да имате добар секс, тогаш треба постојано да го зачинувате, за да не стане едноличен и досаден. Добриот секс секогаш започнува со предигра. Не значи дека предиграта мора да вклучува орален секс. Доволно за да го возбудите е го заведете и допирате неговото тело. Кога ќе се постигне оргазмот играта се уште не е готова. Потоа следуваат прегратките, бакнежите, милувањата…Ако партнерот е гласен за време на сексот значи дека вие сте добра љубовница.
НЕСЕБИЧНОСТ
Несебичноста е најважната доблест особено во сексуалниот живот. Најдобрите љубовници никогаш не се себични! Тие обрнуваат повеќе внимание на потребите на партнерот отколку на своите. Ова значи дека тие се добро запознаени со желбите на партнерот, ги исполнуваат неговите фантазии и многу добро го познаваат телото на партнерот. Добрите љубовници знаат точно каде се ерогените зони. Секоја жена знае дека одредениот степен на дивост и палавост го доведува мажот до лудило.
ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ
Добрите љубовници никогаш не се задоволуваат со монотона сексуална рутина. Секогаш се подготвени да испробаат нешто ново и да го зачинат сексуалниот живот. Вашиот партнер никогаш нема да се пожали ако вашиот сексуален живот е возбудлив. Исто така и оралниот секс не треба да биде досаден. Можете да имате див и гласен секс, да менувате позиции, да направите секси бања, да го изненадите со секси долна облека, да употребите секси играчки…не треба да имате секс само во вашиот кревет. Комбинирајте секс со храна. Играјте различни улоги. Вашиот сексуален живот не треба да има граници.