Новата 2016 година ќе биде година на појавување на врвни модели на смартфони кои ќе дебитираат на CES (саемот за потрошувачка електроника) во Лас Вегас и MWC (Светскиот мобилен конгрес).
HTC One M10
Тајванската компанија ќе го претстави моделот на MWC во Барселона. One M9 не се разликуваше многу од претходникот, па очекувањата се дека HTC ќе претстави целосно нов дизајн.
Samsung Galaxy S7 и S7 Edge
Очекувањата се дека наследниците на актуелните модели, претстојните Samsung Galaxy S7 и S7 Edge, ќе изгледаат многу слични и дека ќе бидат изработени од метал и од стакло. Очекувањата се дека ќе имаат 5,2 инчен Super AMOLED Quad HD екран, камера од 20 мегапиксели и поддршка за SD картичка како и Exynos 8890 односно Snapdragon 820 процесор.
Samsung новите смартфони треба да ги претстави на MWC.
LG G5
LG G5 треба да биде претставен во април, а ова ќе биде првиот модел што ќе го има Snapdragon 820. Покрај тоа ќе има и Quad HD екран од 5,6 инчи, задна камера од 21 мегапиксел и предна камера од 8 мегапиксели. Исто така, некои информации сугерираат дека овој модел ќе доаѓа со метално куќиште. Сепак ниту една од информациите не е потврдена.
Sony Xperia Z6
Sony Xperia Z6 се очекува да дојде со Snapdragon 820 процесор, а би требало да биде водоотпорен. За жал, не се очекуваат големи промени во поглед на дизајнот, иако веројатно ќе биде достапен во пет различни верзии со димензија од 4 до 6,4 инчи.
iPhone 7
iPhone 7 ќе биде претставен веројатно во септември. Некои од шпекулациите сугерираат дека телефонот нема да има физичко home копче, како и дека нема да има 3,5 милиметарски влез за слушалки. Сепак повеќе детали се очекуваат во текот на следната година.