Дали се сеќавате кога Папата Јована беше Џон Англикус, кога зад црната машка наметка мораше да го сокрие секој видлив знак за својата женственост за да го добие правото да се образува? Да, жените беа сметани за помалку интелигентни суштества, а јавното кажување на нивното мислење можело да ги чини дури и живот.
Но дали во ова е прикажан сет страв на мажите дека жената може да го промени светот ако и се дозволи зборовите да и бидат чуени?
За Јована фактот што е женско во раниот среден век е најголемата пречка до нејзиниот успех, но големите луѓе не чекаат поволна шанса, тие ја создаваат, па така и таа ја доби најпрестижната титула Папа. Упорноста, амбицијата и желбата проткаени во оваа книга ќе ви ја дадат и вам моќта да успеете на било кое поле, особено денес кога работите стојат сосема поинаку.
За жените се започнувале и завршувале војни, а еден ден се предвидува дека недостигот на жени ќе предизвика страшни нереди во светот.
Чудесниот митолошки свет на старите Хелени:
Богот Зевс го зел јаболкото од Ерида (божица на кавгата) на кое пишувало „За најубавата“. Божиците Хера, Атина и Афродита сакале да посегнат по јаболкото, меѓутоа Зевс одлучил дека Парис, тројанскиот принц, кој го сметале за најубавиот јунак во тоа време, треба да биде судија.
Хера му ветувала моќ, Атина богатство и мудрост, а Афродита му ја ветила најубавата жена на светот (Елена). Тој го избрал предлогот на Афродита и ја грабнал Елена од нејзиниот сопруг, спартанскиот крал Менелај. Но таа наместо да се противи, го прифатила ова бидејќи била погодена во срцето од стрелата на богот на љубовта Ерос, кој го испратила Афродита според договорот.
Оттогаш започнала Тројанската војна, опеана во епот на Хомер „Илијада“, која траела цели 10 години. Поводот бил жена!
Ултиматумот на Филипинките: Војна или секс?
За да им стават крај на се почестите војни меѓу племињата на островот Минданао, жените им поставиле ултиматум на своите мажи: ако продолжите да се борите нема повеќе секс.
Селата на островот се во војна од 70-тите години на минатиот век. Она што не успеале да го решат UN, го решиле локалните Филипинки, а бројот на меѓуплеменските војни значително се намалил.
Недостиг на жени!
По природен пат на секој од 104 до 106 машки деца се раѓаат околу 100 девојчиња, секое отстапување од оваа бројка е резултат на некој неприроден фактор.
Експертите тврдат дека во светот моментално недостасуваат 160 милиони жени. Се проценува дека само во Индија секоја година половина милион жени абортираат бидејќи носат женски деца и тука проблемот е загрижувачки.