За жени копја летале, војни се воделе!

Спонзорирани линкови

За жените се започнувале и завршувале војни, а еден ден се предвидува дека недостигот на жени ќе предизвика страшни нереди во светот.

Дали се сеќавате кога Папата Јована беше Џон Англикус, кога зад црната машка наметка мораше да го сокрие секој видлив знак за својата женственост за да го добие правото да се образува? Да, жените беа сметани за помалку интелигентни суштества, а јавното кажување на нивното мислење можело да ги чини дури и живот.

Но дали во ова е прикажан сет страв на мажите дека жената може да го промени светот ако и се дозволи зборовите да и бидат чуени?

За Јована фактот што е женско во раниот среден век е најголемата пречка до нејзиниот успех, но големите луѓе не чекаат поволна шанса, тие ја создаваат, па така и таа ја доби најпрестижната титула Папа. Упорноста, амбицијата и желбата проткаени во оваа книга ќе ви ја дадат и вам моќта да успеете на било кое поле, особено денес кога работите стојат сосема поинаку.

За жените се започнувале и завршувале војни, а еден ден се предвидува дека недостигот на жени ќе предизвика страшни нереди во светот.

Чудесниот митолошки свет на старите Хелени:

Богот Зевс  го зел јаболкото од Ерида (божица на кавгата) на кое пишувало „За најубавата“. Божиците Хера, Атина и Афродита сакале да посегнат по јаболкото, меѓутоа Зевс одлучил дека Парис, тројанскиот принц, кој го сметале за најубавиот јунак во тоа време, треба да биде судија.

Хера му ветувала моќ, Атина богатство и мудрост, а Афродита му ја ветила најубавата жена на светот (Елена). Тој го избрал предлогот на Афродита и ја грабнал Елена од нејзиниот сопруг, спартанскиот крал Менелај. Но таа наместо да се противи, го прифатила ова бидејќи била погодена во срцето од стрелата на богот на љубовта Ерос, кој го испратила Афродита според договорот.

Оттогаш започнала Тројанската војна, опеана во епот на Хомер „Илијада“, која траела цели 10 години. Поводот бил жена!

Ултиматумот на Филипинките: Војна или секс?

За да им стават крај на се почестите војни меѓу племињата на островот Минданао, жените им поставиле ултиматум на своите мажи: ако продолжите да се борите нема повеќе секс.

Селата на островот се во војна од 70-тите години на минатиот век. Она што не успеале да го решат UN, го решиле локалните Филипинки, а бројот на меѓуплеменските војни значително се намалил.

Недостиг на жени!

По природен пат на секој од 104 до 106 машки деца се раѓаат околу 100 девојчиња, секое отстапување од оваа бројка е резултат на некој неприроден фактор.

Експертите тврдат дека во светот моментално недостасуваат 160 милиони жени. Се проценува дека само во Индија секоја година половина милион жени абортираат бидејќи носат женски деца и тука проблемот е загрижувачки.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford