Бидете иновативни и составете листа на жешки одлуки кои ќе го збогатат вашиот сексуален живот. Зошто да не? Вреди да се проба.
Повеќе спонтаност и помалку планирање
Сите живееме брзо со однапред зацртан неделен план во кој најверојатно саботата е резервирана за секс. Иако и планираниот секс може да биде добар, пробајте да се вратите во деновите кога не ве оптоваруваа обврските и кога сé се сведуваше на младешка страст. Бидете спонтани и барем понекогаш заборавете на вашиот дневен распоред и на обврските.
Испробувајте нови пози
Мисионерската поза ви здодеа, а не ви е ништо посебно ниту кучешката. Затоа зачинете го сексот со малку акробации во кревет. Ѕирнете во Камасутра, пуштете ја слободно сексуалната фантазија и направете мали варијации на стандардните пози.
Секс на нови локации
Сексот на кревет нуди многу можности, но новата локација ќе ги разгори вашите страсти и ќе ги зачини вашите секси игри. Промената на познатата околина и веќе уиграното сценарио може да ви донесе незаборавни мигови со партнерот.
Разговарајте за желбите
Разочарувачки е тоа што повеќето парови не разговараат меѓу себе за сексот. Но, често без искрен разговор нема ниту добар секс. Ако не знаете што најмногу сака вашиот партнер и вие не му кажете што најмногу ви годи и двајцата ќе бидете ускратени за многу возбудливи моменти.
Повеќе време за предигра
Многу работите, растргани сте на повеќе страни, сакате секс и тоа го правите кога ќе ви се пружи шанса – погрешно! Брзинскиот секс може да биде многу возбудлив, но сепак многу поубаво е ако потполно им се препуштите на чувствата и подолго уживате во нежностите.
Облекувајте се посекси
Добрата стара маица и износените тренерки се ваш секојдневен аутфит. Но тешко дека така облечени ќе го запалите вашиот партнер. Свилена ноќница или секси високи чорапи – барем еден ден во неделата овозможете му го ова задоволство на вашиот партнер. Истото важи и за мажите и тие нека се потрудат малку повеќе за да бидат посекси за својата партнерка.
Повеќе покажувајте ги чувствата
Ветете си дека повеќе ќе му покажувате и говорите на својот партнер колку ви значи. Можеби покажувањето на чувствата ќе внесе нова димензија во вашиот сексуален живот.
Орален секс секогаш и секаде
Ретко кој признава, но сите сакаат да даваат и примаат орално задоволство. Кога станува збор за оваа кратка и едноставна забава не треба да се воздржувате. Оралниот секс може да биде одличен издувен вентил за насобраниот стрес и грижите.
По сексот нема спиење
Мажите не се свесни колку пропуштаат кога после оргазмот ќе потонат во зимски сон. Секако не треба да се впуштате во сериозни разговори, но по некој бакнеж и прегратка може да имаат посилно влијание на блискоста од самиот полов чин.
Внесете иновативност и зачинете го вашиот сексуален живот
Спонзорирани линкови
Сподели на: