Едно истражување во Велика Британија покажало дека застарен модел на телефоно од брендот Нокиа е сеуште многу баран на пазарот и тоа од специфична демографска група – криминалците.
Криминалците, поточно дилерите на дрога во оваа земја го преферираат моделот Nokia 8210. Се прашувате во ваква напредна технологија зошто тие го бараат овој уред?
Ова не е паметен телефон, кој поседува GPS врска и со тоа не може да биде следен преку сателит. Исто така, недостатокот на Wi-Fi или Bluetooth конекција ја отежнува работата на полицајците за да приберат информации од уредот. Телефонот поседува само Infrared врска, а недостатокот на апликации и оперативен позахтевен систем нема да ви ја цедат батеријата и таа може да издржи до неколку дена.
– Новите телефони се одлични, но имаат премногу пропусти кои и дозволуваат на полицијата да ги следи. Сите дилери што јас ги знам поседуваат стари Nokia телефони, а моделот 8210 е фаворит, бидејќи е мал и батеријата издржува најдолго од сите други. Кога започна да се продава, беше најдобриот телефон на светот, но тогаш немав пари да си го дозволам. Сега имам четири – вели K2, дилер од Лондон.