Постојат две причини и се научно докажани.
Според истражувањето на научникот од Кембриџ, Дејвид Мекејн, телефоните во текот на ноќта не би требало да ги држеме нон-стоп на полнач. Првата причина за такво нешто е тоа што на тој начин уредите трошат многу повеќе струја. Според податоците од истражувањето полнач приклучен во струја без телефон троши околу 0,26 вати.
Кога полначот го полни телефонот или таблетот, потрошувачката се зголемува на околу 3,7 вати, додека потрошувачката на струја кога телефонот е наполнет, но и понатаму е на полнач, се спушта на околу 2,3 вати, што е беспотребно трошење на енергија.
Просечно, едно семејство издвојува од годишниот буџет околу 5,3 долари за полнење на еден телефон.
Друга причина да не го држите телефонот на полнач нон-стоп во текот на ноќта е тоа што батеријата се оштетува, особено доколку телефонот има Литиум-Јонска батерија, која ја имаат многумина денешни телефони.
Поради ова Дејвид Мекејн советува телефонот да се полни повеќе пати во текот на денот, не одеднаш до капацитет од 100%, бидејќи тоа и штети на батеријата. Сличен принцип е и за лаптоп компјутерите – полнете ги од отприлика до 80%, а потоа празнете ги до 30% и повторно ги полнете со истиот принцип. На тој начин батеријата ќе трае подолго и ќе работи подобро. Можеби решение за телефоните е бежично полнење, макар за оние модели кои го подржуваат…?