Фотографиите кои ги објавува твитерашот Evleaks обично се многу автентични, па голема е веројатноста дека новите модели на тајванската компанија ќе изгледаат како на сликата.
Добро познатиот твитераш Evleaks објави фотографија на која се гледаат два нови смартфони на компанијата HTC, па голема е веројатноста дека тајванскиот произведувач на 1 март ќе претстави два „flagship“ модела.
Станува збор секако за наследници на One M8 моделот, а точното име на уредот сеуште е под знак прашалник. Се шпекулира дека новите предводници на HTC би можеле да го носат името Hima и Hima Ultra, односно One M9 и Hima Ace Plus. Фотографиите кои ги објавува Evleaks обично се многу автентични, па голема е веројатноста дека споменатите модели ќе изгледаат како на сликата.
Новиот One ќе има метално куќиште, предна камера која ќе се наоѓа на средина одма над екранот, како и BoomSound звучници кои се сместени под куќиштето. Единствената голема разлика помеѓу овие два модела која се наоѓа на фотографијата е копчето (можно е да станува збор за скенер на отпечаток од прст) кое се наоѓа на дното, под логото на HTC.
Новите „flagship“ модели ќе имаат екрани кои ќе се простираат од крај до крај. Очекуваните спецификации се екран со QHD резолуција, 3GB RAM меморија и осум јадрен процесор Snapdragon 810.
Дали информациите се точни, ќе имаме можност да дознаеме на 1 март за кога HTC го има закажано настанот на кој најверојатно ќе ги претстави овие два уреда.