Мал позлатен високо-технолошки чип опремен со нано-сензори ќе работи на принципот на откривање на хемиски комбинации во здивот на некој кој има малиген тумор.
Европската комисија го финансираше израелскиот проект со 6 милиони евра, за да се развие додаток за телефон кој ќе може да му каже на корисникот дали има рак. Дијагнозата ќе се определи само врз основа на здивот, а резултатите ќе бидат познати веднаш, иако обично за вакви резултати се чека дури и по неколку месеци.
– Тековните дијагностички техники не се ефикасни и практични – изјави лидерот на проектот Хосам Хаик.
– Оваа технологија може да ги олесни терапевтските интервенции и да ги замени скапите и долготрајните клинички испитувања кои на крајот ќе доведат до истата интервенција – додаде тој.
Според податоците на Светската здравствена организација, 1,5 милиони луѓе ширум светот умираат секоја година од рак на белите дробови. Причината за ова е подоцнежното откривање на тешките болести кои се карактеристични за неразвиените држави и кое доведува до проширување на другите органи.
Наместо скенер, мал позлатен високо-технолошки чип опремен со нано-сензори ќе ја врши истата функција. „Sniffphone“ ќе работи на принципот на откривање на хемиски комбинации во здивот на некој кој има малиген тумор.
Погледнете го видеото: