Ова е навистина сјајна вест со обзир на тоа дека Фејсбук апликацијата за Android и iOS троши многу мегабајти.
Компанијата Фејсбук уште од 2010 година покрена иницијатива со која на корисниците би им овозможила да пристапат до сајтот на друштвената мрежа од мобилните телефони и тоа потполно бесплатно, односно без трошење на податоците за пренос. Станува збор за проектот „Facebook Zero“ кој е посебно наменет за земјите во развој.
Меѓутоа, овој проект го прифатија многу мобилни оператори ширум светот, па така Фејсбук можете да го користите потполно бесплатно на мобилните телефони.
Сѐ што е потребно да направите е во интернет прелистувачот на мобилниот уред пред адресата facebook.com да додадете нула(0). Целосно адресата би требало да изгледа вака: www.0.facebook.com.
Доколку се вчита сајтот на врвот ќе видите порака дека услугата ви ја овозможил вашиот оператор.
Ова е навистина сјајна вест со обзир на тоа дека Фејсбук апликацијата за Android и iOS троши многу мегабајти.