Доколку сексот со вашиот партнер влегол во рутина, тогаш ова е вистинска домашна задача за вас. Од друга страна, и оние кои постојано доаѓаат до експлозија во креветот, треба да го прочитаат овој текст бидејќи не е лошо да се знае некој трик плус и да се применат.
Се што треба да научите е да ја истражите границата на вашата издржливост. Станува збор за подолго воздржување пред да доживеете оргазам, односно не смеете да си дозволите да доживеете оргазам одреден период.
Тоа значи дека кога ќе дојдете на чекор до врвот, треба да се вратите назад.
Иако тоа воопшто не е лесна задача вреди да се проба. Овој вид секс може значително да го подобри вашиот оргазам. Така ќе го проширите и засилите својот оргазам со застанувачки движења и забавено дишење.