Сексуалната желба и страст на секоја жена зависат од голем број на надворешни, но и внатрешни фактори. Тие можат најмногу да влијаат на сексуалниот нагон.
Дали знаете кои фактори можат да ја уништат сексуалната желба кај жената?
Депресија
Депресијата ја уништува желбата за многу работи па така и за сексот. Ако ја знаете причината за депресијата, издржете уште некое време додека помине. Но, доколку не ја знаете и трае подолго време, можеби е најпаметно да побарате стручна помош.
Контрацепции
Оралната контрацепција може да го уништи стравот од несакана бременост, но може да има и многу други последици кои можат да траат со години. Тие можат да предизвикаат повремено губење на желбата за секс, а на крај да резултираат со воопшто немање страст ниту пак желба.
Страв од несакана бременост
Луѓето тешко се опуштаат во некоја работа која сама по себе носи некаков ризик. Истото е и со стравот од несакана бременост. Нормално е жената да има страв да не остане бремена, но за да се решите од тој страв можете да користите контрацепции и презерватив во исто време.
Самодоверба
Женската желба за секс и страста се најмногу истакнати кај жената кога е самоуверена. Во таквите моменти, таа почесто има секс и секако многу почесто доживува оргазам.
Дебелината или недостатоците кои девојката мисли дека ги има, се видливи за секое машко и токму тие ја уништуваат желбата за секс кај жените. Затоа обидете се да си ја вратите самодовербата и заведувајте.
Проблеми во врската
Напнатоста во врската влијае врз емоционалната страна на жените. Затоа кога партнерите имаат проблеми во врската, имаат секс чисто како рутина, а не како желба.
Стрес
Напорниот ден на работа ја убива желбата за секс и кај мажите и кај жените. Во тие моменти, сексот ќе биде последната работа на која ќе мислите. Но, стресот не треба да ви стане постојан изговор. Треба да најдете време за да се опуштите и да се концентрирате на личноста која е со вас доколку не сакате да ја изгубите.