Намалувањето на цените е дел од взаемниот договор кој што го потпишаа трите земји и нашата, кој што ќе почне да важи од 30-ти Јуни 2015.
Намалувањето на цените, ги опфаќа разговорите, SMS пораките и интернет сообраќајот. Намалувањето на цените за разговор изнесува 73%, интернет сообраќајот се намалува за 90%, додека SMS пораките ќе чинат скоро исто како и во нашата земја, односно нивната цена ќе биде 5,6 денари по порака.