На почеток новата апликација ќе биде достапна само за корисниците на Андроид уредите, а се очекува да се прошири и на останатите мобилни оперативни системи.
Компанијата која стои зад популарната апликација реши на своите корисници да им овозможи уште поефтини повици, односно повиците да трошат уште помалку податоци за пренос на интернет.
Имено, најновата верзија на „WhatsApp“ која наскоро ќе се појави ќе донесе подобра оптимизација на повиците, што значи дека дојдовните и појдовните повици ќе трошат помалку мегабајти.
Исто така, новата функција би можела да овозможи нормални повици и во области кои имаат бавна интернет конекција.
Помалата потрошувачка на интернет овозможена е благодарение на намалениот квалитет на звукот, но во реалноста тоа едвај се приметува.