Доколку некогаш сте се прашувале како да го задржите момчето до вас,заборавете на тоа доколку му удоволуваате дека нема да ве остави.Она што мора да го направите е тоа да се свртите малце кон себе и да почнете да се однесувате по малку себично.Точно е дека доколку сте постојано заедно по некое време ке се загушите но умереноста нема да ви ја уништи врската.Истражувањата покажале дека себичните жени се посрекни позадоволни со себе но и со врската.
Доколку себичната жена ја дефинирамо како потполна спротивност од онаа која е достапна 24/7 тогаш би требало да научите да му речете не и имате свој живот.Не само што на него ке му изгледате како тежок плен туку и ке го намалите вашиот стрес.
Затоа ви предлагаме да себичноста биде вашиот адут за заведување и стабилност во врската.Никој од вас не очекува да станете ледена кралица кој никој не гледа освен себе туку и да имате свој простор тогаш кога ке ви биде потребен.Било тоа да е излегување со него на утакмица,бирање на место за одмор или момент кога го испракате во продавницата затоа што на вас не ви се оди.
Зарем не сте чуле толку многу пати во животот дека треба да се борите за себе?Таа борба го подразбира и љубовното поле.Затоа станете префинети и секси заводнички.