Новата апликација од „Microsoft“ ќе овозможи брза размена на електронски пошти помеѓу соработниците и колегите, но на малку поинаков начин.
Компанијата „Microsoft“ ја претстави новата апликација за „iOS“ насловена како „Send“. Станува збор за еден вид на апликација за електронска пошта која доста ќе се разликува од класичните апликации за електронска пошта како што се „Yahoo“, „GМail“, „Outlook“.
Имено, „Send“ наместо праќање на класични пораки ќе направи неговите корисници да се допишуваат како да станува збор за популарните апликации за размена на пораки („WhatsApp“, „Viber“, „Facebook Messenger“, …).
Оваа промена ќе овозможи брза размена на електронски пошти помеѓу соработниците и колегите.
– „Со „Send“ апликацијата нема потпис, наслов на меиловите и очекуваните поздрави. Таа е дизајнирана така да конверзациите бидат што побрзи, додека истовремено важните луѓе ќе ги направи секогаш достапни.“ – истакнаа од тимот на „Microsoft“ кој го направија „Send“.