Компанијата “Sony” официјално го претстави својот најнов модел, Xperia C5 Ultra за кој тврдат дека е најдобриот мобилен телефон за правење на селфи фотографии.
Телефонот доаѓа со 6 инчен IPS екран на допир со FullHD резолуција, кој има екстремно тенки граници од левата и десната страна. Дизајнот е во стилот на сите досегашни Xperia уреди, а телефонот е и прилично тенок со оглед на големината – 8,2 милиметри.
Телефонот работи на Android 5.0 Lollipop и MediaTek MT6752 процесор кој поседува 64-битна архитектура и работи на 1,7GHz, надополнет со Mali760 MP2 графички процесор, кој работи на 700MHz.
Тука е и RAM меморијата со големина од 2 ГБ, како и просторот за складирање на податоци со големина од 16 гигабајти, кој можете да го проширите преку MicroSD картичка.
Предната и задната камера се со идентична резолуција, 13 мегапиксели, со минорни разлики во леќата (предната е широко-аголна) и Sony Exmor сензор, како и LED блиц. Со тоа, одличните selfie фотографии се загарантирани.