На 13.ти август компанијата Samsung официјално ќе го претстави Galaxy Note 5 неколку дена пред најважниот настан на интернет почнаа да се појавуваат информации за телефонот.
Сајтот Droid Life објави неколку фотографии од новиот телефон како и детални технички карактеристики.
Кадрите ја потврдуваат промената во дизајнот, која зазема многу елементи од Galaxy S6, како што е метална странична рамка и стаклениот заден панел кој го олеснува зафатот.
Во долниот дел има промена кај слотот за пенкалото. Отсега се одзема преку пружина, а не се повлекува како што беше на претходните модели.
Уредот ќе доаѓа со 4GB RAM меморија, недостаток на мемориски слот, вградена меморија од 32/64/128GB и незаменливата батерија со капацитет од 3000mAh.
Самиот дизајн со тенките странични рамки околу екранот, дефинитивно се чекор во вистинската насока.
На една од фотографиите се гледа и ново мени за функцијата Air Command која содржи опции како Action memo, Smart select, Screen write, S Note, Settings и Instagram, а ова последното сугерира дека компанијата ја додала можноста за прилагодување на менито.