Што се спаѓа во прељуба а што не е дискутабилно прашање.Некои жени ке кажат дека само физичкиот контакт е прељуба,други дека пијаниот секс не се смета, додека за трети доволно е и размислување за друга девојка изневерување…Во секој случај мажите често ве изневеруваат дури и кога не се свесни за тоа.Еве и како:
Разговарање со друга жена
Самиот факт што разговара со друга жена не е прељуба, но доколку разговара со таа жена за проблемите кои ги има со вас во врската тогаш тоа е веке некој вид на изневерување.Освен доколку не сте му дозволиле да ги дели вашите тајни.
Шпијунирање на вашите бивши
Нема ништо лошо од тоа да се проверува што работи предходната љубов,но вашиот партнер тоа го прави на дневна база-тој ве пасивно изневерува.
Частење други девојки
Секако дека не е проблем да ја плати понекогаш пијачката на пријателите, но преку вечерта части една иста девојка, тоа може да се протумачи како нешто повеке од флерт.Да му е другарка таа би дозволила да и плати само една пијачка.
Преќутува дека е во врска
Доколку не нарочно потенцирал дека има девојка со самото тоа дозволува на друга девојка да се однесува заводлива спрема него.Не мора веднаш по запознавањето да каже дека е во врска туку кога ке забележи дека жената флертува со него треба да истакне дека е зафатен.