Новиот проект на компанијата „Microsoft“ овозможува со помош на смартфон со камера да се снима околина во тридимензионална технологија (3D) и во реално време.
Компанијата „Microsoft“ го претстави својот истражувачки проект „MobileFusion“, кој за цел има претворање на смартфонот во тридимензионален (3D) скенер.
Со помош на смартфон со камера возможно е снимање на околина во тридимензионална технологија (3D) и во реално време, без интернет врска и дополнителна опрема.
На крајот, снимките се со компатибилен квалитет за користење за тридимензионално (3D) печатење и правење видео игри со зголемени доживувања на реалноста.