Nymi поседува алгоритам кој ќе го следи биењето на срцето на личноста која го носи и ќе го запомни биењето карактеристично за секоја личност. Тие карактеристични биења ќе се користат како алтернатива за ПИН или некои други лозинки.
Препознавањето на биењето на срцето во скоро време би можело да се користи и за отклучување на врата, палење на автомобилот, плаќање на сметки, а сѐ благодарение на новиот гаџет кој моментално се развива. Nymi е паметна нараквица која го препознава идентитетот на корисникот користејќи електрокардиограм (ЕКГ), односно ритам на биењето на срцето.
Канадска компанија Bionym е творец на овој интересен гаџет.
Оваа технологија е сеуште во фаза на тестирање за кое доби 9 милиони фунти од различни компании, вклучувајќи го и добро познатиот MasterCard. Творците на оваа нараквица велат дека на неа нема да влијае тоа дали личноста која ја носи трча, вежба или седи, бидејќи единствените ЕКГ секогаш ќе се препознаат и уредот ќе функционира без проблем.
Во текот на идентификација на системот ќе се игнорираат нискофреквентните аномалии. Доколку личноста боледува од срцеви аритми или има вграден пејсмејкер и она ќе може да го носи Nymi, затоа што секое биење на срцето дури и неправилно биење, има единствен „потпис“. Кога ќе се активира Nymi, она комуницира преку Bluetooth Low Energy (BLE) врска со паметни уреди како што се смартфоните, автомобилите, дури и заклучена врата.
Овој геџет е отпорен и на крадци, бидејќи сите податоци кои се чуваат на нараквицата ќе се избришат доколку таа се извади од раката на личноста која ја носи.
– Каде и да одите оваа нараквица ќе ве идентификува на други уреди кои можат да се користат за плаќање на сметка, а во иднина дури и за банкоматите, автомобилите и компјутерите – изјавил Balaji Goapalan, директор на компанијата Bionym.
Погледнете го видеото: