Chipolo приврзокот е гаџет кој едноставно можете да го закачите на клучевите од станот или на некој друг предмет. Доколку не можете да се сетите каде сте оставиле некој предмет, Chipolo ќе го лоцира со помош на апликација.
Дневно во просек се губат по 10 минути во барање на клучевите, паричникот, телефонот итн. Решението е Chipolo – мал елегантен приврзок кој ќе ви помогне да ги лоцирате, а корисен е и кога ги шетате вашите миленици.
Chipolo приврзокот едноставно закачете го на клучевите на пример и поврзете го со паметен телефон преку Bluetooth. Доколку не можете да се сетите каде сте ги оставиле клучевите, побарајте ги преку мобилната апликација за Android или iOS која ќе го лоцира Chipolo на оддалеченост до 60 метри.
Доколку клучевите се надвор од тој домет, апликацијата ќе прикажи мапа со локацијата на која Chipolo се наоѓал последен пат. Ако ви се случи да го загубите вашиот паметен телефон, доволно е само да го затресете Chipolo и телефонот ќе се огласи.