Откако ја претставија Facebook Messenger, Facebook претстави уште една посебна апликација, овој пат станува збор за групи. Среќа, за разлика од Facebook Messenger, корисниците можат да бираат дали ќе ја користат оваа апликација или пак основната Facebook апликација.
Новата апликација е достапна за Android и за iOS уредите, а на корисниците помеѓу останатото им овозможува едноставно и прегледно следење на групите на Facebook во кои се членови, создавање на нови групи и пребарување на групи кои што би им биле занимливи. Оваа апликација е првично наменета за оние корисници кои што се членови на повеќе групи и бараат подобар начин за организација на своите активности во групите.
– Не се обидуваме да направеме нешто секси. Правиме едноставна и единствена алатка за извршување на работите – изјави Shirley Sun, водител на проектот за Facebook Groups.
Засега нема реклами во апликацијата, но не е исклучено дека тоа ќе се промени во иднина.