Microsoft најавува технологија со која наскоро ќе можеме да ги управуваме уредите на еден поинаков начин односно станува збор за управување на уредите со поглед.
Новиот патент со кој Microsoft привлече внимание, отвора бројни и навистина занимливи можности.
Многу корисници класичната тастатура на допир ја заменија со онаа на која е овозможено пишување со повлекување на прстот по екранот (така наречено „swype“), а судејќи по овој патент за тоа наскоро нема да мораме да ги користеме ни прстите.
Патентот функционира така што предната камера на телефонот го прати движењето на окото на корисникот и го преведува во наредба за телефонот. Слична технологија ни е веќе позната со која можеме да го паузираме видеото кое го гледаме на паметните телефони со поглед.
Оваа технологија првенствено би можела да го олесни животот на оние корисници кои поради здравствени причини имаат проблеми со пишување на пораки, меѓутоа ако Microsoft успее да ја развие оваа технологја како не би била поспора од пишување со допир, пишувањето со поглед би можело да биде нов стандард.