Креирањето на видео од неколку снимки или фотографии не е нешто ново или спектакуларно. Има неколку десктоп програми, па и апликации кои што овозможуваат повеќе или помалку нормално спојување на елементите и претопување во еден видео клип.
Токму делот „повеќе или помалку“ е клучниот во изборот на тоа која апликација/програма треба да се користи доколку сами сакате да креирате свое филмче од повеќе видеа или од повеќе фотографии. Бидејќи во денешно време камерите на телефоните се главни алатки за снимање на видеа и фотографии, нормално е да се свртиме кон понудата на апликации, наместо на десктоп програми, со кои може да изработуваме видеа и филмови.
Нашиот предлог е Магисто, апликација со бесплатна основна верзија која е достапна како за Android, така и за корисниците на iOS оперативните системи. Ја одбравме оваа апликација поради неколку причини кои во последните неколку години колку што постои успеа да собере огромна база на задоволни корисници, но и на инвеститори кои го препознаа потенцијалот и инвестираа во нејзино подобрување и популаризација.
За разлика од повеќето апликации на пазарот кои се слични според она што го работат, Магисто поседува доста напреден визуелен анализатор кој што ги испитува видеата и фотографиите, ги наоѓа најдобрите делови од нив, ги поврзува интелигентно, а онаму каде што треба корекција ги поправа и со тоа овозможува крајниот продукт да изгледа максимално професионално.
Исто така со анализаторот на емоции (Emotion Sense Technology) Магисто ќе ги детектира емоциите на фотографиите и видеата и со додавање на вистинската музика и достапните филтри ќе овозможи поприродна репродукција на финалниот продукт – вашиот нов филм.
Секако за задоволството да биде комплетно, а продуктот да изгледа професионално, потребно е да се дефинира и брзината на сцени, тоналитетот и сите тие детали кои се навистина важни. Магисто нив ги дефинира како стил на режирање, а го применува оној кој одговара најмногу според претходно споменатите два параметри.
За крај да го спомнеме само начинот на работа со Магисто, кој не може да биде поедноставен.
1. Додадете ги фотографиите или видеата претходно снимени и сочувани во телефонот.
2. Изберете стил на новото видео.
3. Додајте своја музика како позадинска или изберете некоја од понудените.
4. Именувајте го филмот и тој е спремен за прикажување.
Доколку сакате нешто повеќе од основната верзија, како и опција да ги преземете локално претходно снимените филмови тогаш ви е потребна премиум верзијата која се наплаќа.
Придружи се на MAGISTO, види што споделуваат останатите и сподели ги своите филмови во албумот на Магисто, преку хаштаговите: #сподели и #spodeli. Албумот на Магисто можете да го погледнете ОВДЕ.