Вие само треба да ги означите парчињата облека како секојдневни, работни, за слободно време или за излегување.
Колку пати сте се нашле пред плакарот без идеја што ќе облечете? Крај на сите ваши модни проблеми е апликацијата ClosetSpace, која ќе ви служи како ваш личен стилист и организатор на плакарот.
Апликацијата е достапна за Android и iOS уредите и е потполно бесплатна. Сѐ што треба да направете е да ги внесете парчињата облека кои ги имате како и секое ново парче облека што ќе го купете. ClosetSpace не само што ќе ги создава најдобрите комбинации, туку и ќе внимава на временските прилики, па така кога ќе врне дожд, наместо сандала, ќе ви предложи гумени чизми.
Оваа апликација можете да ја поврзете и со Google календарот, па ќе ве потсетува кога имате некоја свечена или важна прилика.
Своите комбинации можете и да ги фотографирате како би ги споделиле со пријателите. Бесплатната апликација можете да ја превземете ОВДЕ.